Американскиот милијардер Илон Маск на Твитер напиша дека го купува Манчестер Јунајтед.
Иако не беше веднаш јасно дали станува збор за шега, твитот на Маск ги шокираше корисниците на Твитер.
Also, I’m buying Manchester United ur welcome
— Elon Musk (@elonmusk) August 17, 2022
Навивачите на Манчестер Јунајтед во последните години протестираа против американското семејство Глејзер, кое го купи клубот во 2005 година. Семејството Глејзер не одговори веднаш на барањето за коментар.
Движењето против Глејзер доби замав минатата година, откако Јунајтед беше вклучен во неуспешниот обид за формирање на Европската Суперлига.
Манчестер Јунајтед рекордни 20 пати беше шампион на Англија и три пати го освои Европскиот куп, најпрестижното клупско натпреварување.
Илон Маск неодамна стекна удел во сопственоста на Твитер. Тој најави и обид да ја преземе социјалната мрежа во целост, но сепак се откажа од неа.
На медиумите и на светската јавност се уште не им е јасно која е позадината на твитот на Маск и дали станува збор за шега.