Тоа не е најбрзиот автомобил, тој е непристојно скап, но е „најзабавниот електричен автомобил“.

Приватната патека на Ферари, La Pista di Fiorano, слави половина век постоење, а сега на неа пристигна и првиот електричен „спортист“. Станува збор за Ferrari 250 Testa Rossa, но во малку поинаков размер и со електричен погон.

Кога ќе кажеме дека зад овој автомобил стои Little Car Company, работите стануваат појасни. Во секој случај, малкумина очекуваа овој мал автомобил да стигне до познатата патека.

Тој беше донесен од Top Gear и Оли Кју на воланот. Бидејќи Ферари го одобри производството на ваква реплика, се создаде можност мал автомобил со слаб погон да се појави во друштво на најбрзите во светот и да го тестира овој речиси свет асфалт.

Поточно, се работи за 16,2 КС максимална моќност и максимална брзина од 80 km/h. И за разлика од Baby Bugatti, оваа играчка е многу поманеврирачка, објаснува Кју. Ова не е чудно ако знаете дека оваа оригинална реплика чини дури 94.000 евра.

„Оваа работа прекрасно се управува. Многу е стабилна и има некои големи карактеристики на спортски автомобил“, вели Кју.

Ианче, рекордот во круг го држи Ф1 болидот на Ферари 2004 година, управуван од Шумахер, со време од 1 минута 19 секунди.

Електричниот „Ферари“ ја заврши работата за 2:26,97 мин, што е доволно за да биде првиот и најбрз електричен автомобил на патеката на Ферари.

Тоа не е најбрзиот автомобил, тој е непристојно скап за играчка, но е „најзабавниот електричен автомобил“, заклучува Top Gear.