Само неколку дена откако Samsung ја претстави новата серија на телефони Galaxy S22, стандардниот модел беше ставен на тест за издржливост.

YouTube каналот PBKreviews, покрај тестирањето на издржливоста на уредот, реши да го расклопи Galaxy S22 со што ни дава увид во хардверот на телефонот.

Тестот на издржливост започна со потопување во вода, што не го загрози уредот со IP68 сертификат.

Тестот за гребење на екранот открива дека подлабоки засеци на екранот S22 се појавуваат од осмото ниво на скалата на Мос (самиот екран има Corning Gorilla Glass Victus + заштита). Задниот дел е направен од истиот стаклен материјал и се гребе на исто ниво.

Кога станува збор за тестот на издржливост, свиткувањето на уредот од двете страни не предизвика никакво оштетување, давајќи му на Galaxy S22 оценка за издржливост 10/10.

Интересен е и процесот на расклопување на телефонот, кој можете да го погледнете во придружното видео, а S22 доби оцена 7,5 / 10 за можноста за сервисирање.