Илон Маск го предизвика извршниот директор на Твитер, Параг Агравал на јавна дебата за бројот на ботови на социјалната мрежа.

„Нека ѝ докаже на јавноста дека дневно има помалку од пет проценти лажни или спам корисници“, напиша Маск во твитот. Тој, исто така, отвори анкета каде што корисниците можат да гласаат ако мислат дека помалку од пет проценти од сметките на Твитер се лажни.

Твитер претходно ги отфрли тврдењата на Маск дека со измама бил вовлечен во договорот за преземање на социјалната мрежа вреден 44 милијарди долари.

Маск рече дека ако Твитер може да го обезбеди својот метод за генерирање 100 корисници и да потврди дека тие корисници се реални, тој ќе продолжи со купувањето на социјалната мрежа според договорот.

Според договорот, Маск требаше да плати околу 44 милијарди долари за да го преземе Твитер, но тој се повлече поради тврдењата дека Твитер има многу повеќе лажни корисници отколку што покажуваат официјалните бројки. Твитер сега се обидува законски да го принуди Маск да го исполни договорот.