Производството на серијата iPhone 14 не е загрозено, смета познат аналитичар на екосистемот на Apple.

Apple е една од компаниите чии добавувачи се уште во голема мера зависат од фабриките од Кина. Неодамнешните и актуелните геополитички тензии што се појавија во овој регион на Азија наведоа многумина да веруваат дека претстојната генерација на iPhone може да биде одложена.

Сепак, и покрај тоа што можеме да го прочитаме во медиумите кога станува збор за споменатиот регион, производството на серијата iPhone 14 не е засегнато никако и работата на уредите се уште напредува според првичниот план.

Оваа информација доаѓа од познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, кој вели дека се уште е актуелно масовното производство на следната генерација на iPhone, и дека на радарот нема индикации за доцнење.

„Иако некои инвеститори неодамна изразија загриженост дека, поради геополитичката ситуација, може да дојде до одложување на масовното производство и испорака на iPhone, моето најново истражување покажува дека тоа во моментов не влијае на синџирот на снабдување на моделот iPhone 14“, истакна Куо.

Се очекува Apple да претстави четири нови телефони подоцна оваа година, како дел од серијата iPhone 14.