Vivo Y76 5G – Достапен паметен телефон со неверојатни перформанси
Отворете ја кутијата и ќе најдете:
- Самиот Y76 5G
- USB тип-C кабел
- 44W ѕиден адаптер
- Слушалки
- Транспарентна силиконска футрола за телефон
- Телефонска документација
Дизајн
Y76 5G, како и другите смартфони на Vivo, има стилски дизајн и е достапен во две бои: Midnight Space и Cosmic Aurora. Има пластично тело но овие бои создават илузија на секундарна боја кога се изложени на светлина, што е прилично интересно за гледање.
Мат финишот на задната страна обезбедува постабилно држење и го спречува уредот лесно да ви се лизне од рака, особено кога играте игри. Y76 5G телефон има тежина од 175 грама и дебелина од само 7,79 mm што го прави удобен за држење и го намалува напрегање на зглобот по долготрајно играње.
Телефонот е опремен со троен систем на камери составен од примарен сензор од 50 мегапиксели, длабинска камера од 2 мегапиксели и макро камера од 2 мегапиксели, како и LED светло. Овие камери се наоѓаат на голема испакнатина, па затоа се препорачува да ја користите заштитната маска што доаѓа заедно во пакувањето на телефонот.
Копчето за вклучување, исто така служи и како читач за отпечатоци од прст, како и контролата на јачината на звукот, се наоѓаат на десната страна на уредот, што го прави лесен за дофат.
Слотот за SIM картичка се наоѓа на горната страна. Слотот за SIM е хибриден, што значи дека може да се конфигурира со две нано-SIM-картички или со една нано-SIM и microSD-картичка. Поддржува 5G мобилни податочни врски.
На долната страна на телефонот се наоѓа стандардниот приклучок за поврзување Type-c, 3,5 милиметарски приклучок за аудио, микрофон и звучник.
ЕКРАН
Овој паметен телефон има голем 6,58-инчен Full HD+ IPS дисплеј со засек за предната камера од 16 мегапиксели. Има резолуција од 1080 x 2408 пиксели, сооднос од 20:9, пристојна густина од 401 пиксели по инч и има добра осветленост од 460 нита. Има и стапка на освежување од 60 Hz. Предниот дисплеј има поддршка од 96% NTSC покриеност на опсегот на бои што обезбедува прецизна и многу реална репродукција на боите при гледање фотографии или гледање видео на телефонот.
Во надворешната средина, предниот дисплеј генерално нема проблем да стане доволно светол кога е вклучено автоматската осветленост. Сепак има мал проблем кога го користите телефонот директно на сонце.
Освен тоа, доаѓа и со многу неопходен режим за заштита на очите кој помага да се филтрира штетната сина светлина која многу често предизвикува замор на очите по долготрајна употреба.
ХАРДВЕР
Во Виво Y76 5G е вграден 8-јадрен MediaTek Dimensity 700 5G чипсет со такт до 2,2 GHz, графички процесор Mali-G57 MC2, 8 GB RAM и внатрешна меморија од 128 GB. Телефонот има поддршка за 5G поврзувањето на мобилна мрежа, со што можете да уживате во поголема брзина на преземање податоци.
Во однос на игрите, Y76 5G има повеќе од потребна процесорска моќ за непречено играње на најновите и најпопуларни игри денес, како што се Mobile Legends Bang Bang, Call of Duty Mobile, PUBG, Pokemon, Asphalt и многу други.
За секојдневна употреба, Y76 5G е способен да се справи со задачи како што се проверка на е-пошта, прелистување веб, ажурирање на социјалните мрежи, фотографирање, гледање видеа и многу повеќе, благодарение на неговата 8 GB RAM.
Чипсетот Dimensity 700 сам по себе е прилично добар и за забава и за продуктивност. Ретко се случува кочење кога се префрлате помеѓу различни апликации или работа на повеќе апликации истовремено.
БАТЕРИЈА
Y76 5G има батерија од 4.100 mAh со можности за брзо полнење од 44 W. При просечна дневна употреба, може да трае цел ден, што вклучува редовна употреба на телефонот како примарен уред за секојдневните задачи и повремено користење на камерата за фотографирање и снимање видеа, гледање видеа и играње онлајн игри.
Потребни се околу 1,5 часа за да се наполни батеријата од 0% на 100%.
КАМЕРИ
Y76 5G има тројна камера од задимата странана телефонот, со главен сензор од 50 мегапиксели, длабинска камера од 2 мегапиксели и макро камера од 2 мегапиксели со LED блиц. Додека селфи камерата има сензор од 16 мегапиксели.
Сликањето со предна камера е пристојно добро. Тонот на кожата изгледа природно, а боите се точни. Y76 5G дури има и AI Extreme Night функција која помага за ноќно сликање.
Режимот за снимање на видео на телефонот има поддршка за 720p и 1080p со 60 фрејмови во секунда, но не и за 4K30fps. Оваа телефон подржува и стабилизација на слика при снимање.
Спецификации
Процесор | MediaTek Dimensity 700 5G |
Екран | 6.58-inch IPS, 2408 x 1080, 460nits |
Меморија | 8GB RAM, 128GB простор за складирање |
Оперативен систем | Android 11, FunTouch OS 12 |
Задна Камера | 50MP f/1.8 Main, 2MP f/2.4 Macro, 2MP f/2.4 Depth |
Предна камера | 16MP f/2.0 |
Мрежа | Dual-SIM, 5G |
Поврзливост | Dual-Band WiFi 802.11ac, Bluetooth 5.2, USB Type-C |
Батерија | 4,100mAh, 44W Fast Charging |
Биометриска безбедност | Side-Mounted Fingerprint Scanner |
Боја | Cosmic Aurora, Midnight Space |
Поврзани артикли