Windows фановите, инсајдери и програмери можат да го искусат Windows 11, бидејќи Microsoft почна со испорака на првата preview верзија на новиот оперативен систем.

Оваа верзија на платформата ќе овозможи увид во преработениот интерфејс на оперативниот систем, со централно поставено и редизајнирано Start мени и подобрено управување со прозореците. Корисниците ќе мора да почекаат за некои понапредни функции, како што MicrosoftTeams чет и компатибилност со Android апликациите.

Корисниците кои сакаат да го испробаат Windows 11 preview build, потребно е на веб да се најават во делот Windows Insider Program секцијата во рамките на Windiws 10 поставките. Корисникот треба да биде сигурен дека неговиот компјутер ги исполнува минималните хардверски барања на Windows 11, а за ова ќе помогне апликацијата за компатибилност на Microsoft.

Првиот Insider Preview, Build 22000.51 во голема мерка изгледа како протечена верзија, која се појави пред неколку недели. File Explorer сега има почисто command поле, Microsoft Store апликацијата доби нов интерфејс, а корисниците ќе можат и да ја прилагодуваат својата тачскрин тастатура.

Доколку се употребува екстерен монитор со лаптопот, забележително е подобрено искуство на позиционирање, кое ќе ги пласира прозорците на соодветни места, кога ќе се вклучи мониторот.

Повеќе детали за Windows 11 build и функциите што ги донесува, можете да пронајдете во  официјалната објава на Microsoft.