Motorola го претстави првиот телефон на светот, кој го краси камера со сензор од 200MP. Телефонот дебитира во Кина.

Телефонот кој е украсен со споменатиот сензор е Motorola X30 Pro, а сензорот е Samsung ISOCELL HP1. Сензорот од 200 MP има големина од 1/1,22″ со решетка f/1.95 и OIS поддршка.

Сензорот е сместен во правоаголен модул за камера на задната страна на телефонот, а камерата е опремена и со можност за снимање видео во 8К со 30 фрејмови во секунда.

Покрај главната камера, на задната страна има и ултра-широка камера од 50 MP, како и телефото сензор Sony IMX663 од 12 MP со поддршка за 2x оптички зум. На предната страна, има камера од 60 MP (сензор Omnivision OV60a).

Motorola X30 Pro користи чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, во комбинација со 8GB или 12GB меморија и простор за складирање 128/256/512 GB.

Дисплејот е со големина од 6,67 инчи, е од OLED тип и нуди FHD+ резолуција со максимална стапка на освежување од 144Hz. Екранот е заоблен и има вграден сензор за отпечатоци.

Сè се напојува од батерија со капацитет од 4610mAh, со поддршка за брзо полнење од 125W. Моторола тврди дека телефонот може целосно да се наполни за 19 минути. Има и поддршка за безжично полнење од 50 W.

Moto X30 Pro пристигнува со оперативниот систем Android 12, над кој има кориснички интерфејс MyUI 4.0. Цената на уредот е околу 550 долари за моделот со 8/128 GB (претворен од кинески јуани), додека најскапата верзија чини околу 670 долари за конфигурацијата од 12/512 GB.