Во здравствениот центар Монтефиоре во Њујорк, хирурзите успешно ја извршија првата трансплантација на срце меѓу ХИВ-позитивни пациенти, а ново срце и беше дадено на жена во шеесеттите години.
За време на трансплантацијата на срце, истовремено била извршена и трансплантација на бубрег, а операцијата траела околу четири часа. Монтефиоре е еден од 25-те центри во САД кои имаат способност да изведат ваква сложена операција. Болницата е позната по иновативните и водечки методи како што е трансплантација на срце од починат донатор.
„Целта на тимот за трансплантација на срце е постојано да напредува и да поставува нови стандарди за секој да може да има корист од оваа процедура која спасува живот“, рече хирургот Даниел Голдстајн.
Американскиот закон им дозволува на луѓето кои живеат со ХИВ да ги донираат своите органи на ХИВ позитивни лица, а тој е во сила од 2013 година. Сепак, беа потребни речиси десет години за оваа можност да стане реалност.
Новата процедура може да ја отвори вратата за многу пациенти, а само во САД има меѓу 60.000 и 100.000 пациенти на кои им треба ново срце. Меѓутоа, во 2021 година биле извршени само 3.800 вакви операции.