Google објави податоци, што се донекаде погубни за гигантот кога е во прашање интернет пребарување.
Имено, според анализата, близу 40 отсто од Генерацијата Z одлучуваат да пребаруваат на интернет преку популарните апликации TikTok и Instagram, наспроти пребарувањето на Google Search и мапите.
Како што пренесува TechCrunch, извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, истакнал дека е свесен дека форматот TikTok го менува начинот на кој младите пребаруваат на Интернет и додаде дека Google сака да биде во чекор со светските трендови.
Внатрешната студија и статистиката на компанијата покажуваат дека речиси 40 отсто од младите кога бараат место каде планираат да ручаат, не одат на мапи на Google или пребаруваат, туку одат на TikTok или Instagram.
Google планира одредени промени, кои треба да привлечат помлада публика, а тоа ја вклучува и можноста корисникот да ја движи камерата на одредена област и да добие подобар увид во достапните објекти на поширока сцена.
Веќе имаше извештаи дека TikTok се повеќе станува закана за Google, особено кога станува збор за видео сервисот на компанијата YouTube.
TikTok е најбрзо растечката апликација во сегментот на социјалните мрежи и доживеа вистинска експанзија во последниве години. Приходите од рекламирање на TikTok се очекува да го надминат YouTube до 2024 година.