Иако FIFA 23 сè уште не е официјално промовиран, Electronic Arts (EA) веќе се подготвува за иднината по FIFA.
Познато е дека FIFA 23 ќе биде последна во рамките на соработката помеѓу ЕА и FIFA, па така следната година ЕА ќе претстави игра наречена EA Sports FC, која всушност ќе биде конципирана на ист начин, само што ќе има различно име и нема да ги има сите лиценци.
Сепак, некои лиценци ќе бидат достапни, бидејќи сега дознаваме дека ЕА потпишала договор со една од најпопуларните фудбалски лиги во светот.
Американската компанија објави дека потпишала договор со шпанската Ла Лига – која е дом на веројатно двата најголеми клубови во светот, Реал Мадрид и Барселона. ЕА објави „уникатно, повеќегодишно партнерство“ кое ќе започне со сезоната 2023-2024.
Според ЕА, новиот договор ќе ги вклучи правата за именување на сите натпревари во Ла Лига, комплетно ребрендирање на Ла Лига со EA Sports, вклучувајќи ги сите логоа, графики, фонтови и други визуелни елементи“.
Договорот ги вклучува двете врвни фудбалски лиги во Шпанија, кои ќе бидат дел од новата игра, заедно со младински турнир и официјални натпревари во еСпорт. ЕА изјави дека повеќе детали за ова партнерство ќе бидат познати „во наредните месеци“.
Инаку, FIFA 23 ќе излезе на 30 септември 2022 година, а пред неколку дена беше објавен и првиот трејлер за играта. EA Sports изјави дека FIFA 23 „ги поместува границите на реалноста“ благодарение на подобрената технологија Hypermotion 2, која користи „милиони податоци“ за да создаде „нови анимации во реално време“.
Во однос на играта, тоа значи дека играчите ќе добијат „најприродно и најреално движење на играчот и топката“. Технологијата Hypermotion 2 ќе биде достапна само на компјутер и конзоли од тековната генерација.