По речиси шест месеци на Меѓународната вселенска станица, двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата, соопшти рано денеска НАСА.

„Кру-6“ на вселенското летало „Драгон Ендеавор“ на „Спејс икс“ слета на брегот на Флорида околу 17 часа по одвојувањето од Меѓународната вселенска станица.

Тој екипаж, кој ја напушти Земјата во март, го сочинуваат Американците Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Феџаев и Султан ал-Нијади од ОАЕ.

Со заминувањето на четворица астронаути екипажот на Станицата повторно се намали на седум члена.