LG Electronics го објави својот 31,5-инчен 4K OLED монитор, со ознака 32EP950-B, а наменет е за видео продукција и за професионалните корисници, на кои им е неопходно да работат со попрецизни бои.

Мониторот нуди максимална осветленост од 500 cd/m2, контраст од 1.000.000:1, а покриеноста на боите вклучува 99% за DCI-P3 / Adobe RGB спектрите. Поддржани се околу 1,07 милијарди бои и 1024 RGB тонови.

Покрај наведеното, LG 32EP950-B има „VESA DisplayHDR TRUE BLACK 400“ сертификат, што бара до 50 пати поголем контраст од „Display HDR 1000“ и може да ги прикаже најверните црни нијанси.

Одзивот на мониторот е 1ms GTG, има 60Hz освежување и агли на гледање од 178 степени. Од конекторите се достапни 1x HDMI портови, 2x DisplayPort и еден USB Type-C и USB 3.0 порт.

Цената на LG UltraFine 32EP950-B 4K OLED мониторот изнесува 3399 евра, а во продажба се очекува од јули.