Компанијата Nubia е позната по својата серија RedMagic телефони за игри, со огромни батерии, дисплеи со висока стапка на освежување и други функции ориентирани кон игри. Сега има нова серија на телефони.

Новата линија се состои од два модели – RedMagic 8 Pro и RedMagic 8 Pro+, кои се украсени со специјален Red Core 2 гејмерски чип, кој ги придвижува гејмерските ефекти како што се звучни детали, бои и одговор на хаптички вибрации.

Двата телефони, кои беа објавени во Кина, се и првите гејмерски модели кои пристигнаа со чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2. Тука е и системот за ладење RedMagic ICE 11.0, кој користи 3D Icing VC ладење, неколку слоеви графен и вграден вентилатор од 20.000 вртежи во секунда.

Двата телефони користат 6,8-инчен OLED панел од 120Hz, со 1300 нити осветленост, а под екранот е поставена камера од 16MP. На задната страна е камерата Samsung GN5 од 50 MP, ултра-широка од 120 степени од 8MP и макро сензор од 2MP.

RedMagic 8 Pro се напојува со батерија од 6000 mAh со поддршка за брзо полнење од 80 W, додека моделот Pro+ користи батерија од 5000 mAh со поддршка за полнење од 165 W. Телефоните работат на софтверот Android 13, со RedMagic OS 6.0.

Телефоните имаат и стерео звучници, 3,5 милиметарски приклучок, 5G со две SIM и USB-C порта. Има и две дополнителни копчиња, на десната страна на телефонот, со 520Hz touch sampling поддршка.

RedMagic 8 Pro и RedMagic 8 Pro+ се разликуваат по количината на RAM и простор за складирање, така што моделот Pro има 8GB LPDDR5X RAM и до 256GB простор за складирање UFS 4.0, додека Pro+ има 12GB до 16GB RAM и 256GB до 1TB на простор за складирање.

Телефоните се официјализирани во Кина, а имаат почетна цена од околу 540 евра до околу 950 евра во зависност од конфигурацијата (претворена од кинески јуани). Тие ќе бидат лансирани на глобално ниво на 16 јануари.