Компанијата Xiaomi се соочува со проблеми во добивањето дозвола од кинеските регулатори за производство на електрични возила (EV), проект во кој технолошкиот гигант инвестира 10 милијарди долари.
Според добро упатени извори, раководителите на компанијата со седиште во Пекинг со месеци се во неуспешни преговори за лиценцирање со претставници на кинеската Национална комисија за реформи и развој.
Xiaomi е една од компаниите кои неодамна се приклучија на кинескиот EV сектор, во кој се вклучени и познати ривалски компании како BYD и Nio, пишува Bloomberg.
Милијардерот Леи Јун, ко-основач на компанијата позната по производство на мобилни телефони, рече дека се надева дека експертизата на компанијата во поврзаните технологии и создавањето заедница на лојални клиенти ќе се одрази на најголемиот пазар на електрични автомобили во светот.
Меѓутоа, колку подолго се одложува лиценцата, толку конкурентните компании имаат поголема предност.
Производителот на паметни телефони и електроника е во потрага по нови области на бизнисот кои би му донеле раст по падот на профитот што го забележа во првиот квартал.
Додека директорите се надеваат на зелено светло за проектот за производство на EV, други се загрижени дека процесот може да ги забави другите планови на компанијата, изјави еден од неименуваните извори. Компанијата Xiaomi ја додаде подружницата за производство на EV во својот бизнис во септември 2021 година, кога го започна процесот за добивање дозвола.
Поврзани артикли