Кој сака да си купи диносаурус за во дневна соба? Никој очигледно.

По втор пат за само неколку месеци, аукцијата на која беа ставени неколку скелети на диносауруси е откажана. Причина, никој не се јавил да лицитира за нивно купување. Четирите скелети на диносауруси кои се нудат на продажба се од периодот Јура и Креда и беа понудени од страна на аукциската куќа Binoche & Giquello. Почетната цена се движеше од 700.000 до 900.000 евра.

„Скелетите на диносаурусите се со висока декорација, ама нека колекционери кои сакаат да ги имаат“, вели Александар Џикело, кој се уште ги има во своите складишта скелетите на непродадените фосили.