На видео сервисот Јутјуб е објавен видео клип на кој се гледа како куче-робот опремено со пушка пука на стрелиште.
Креатор на кучето робот е Александар Атаманов, кој во описот на видеото изјавил дека се работи за „патролно куче-робот“.
Овој робот наликува на роботското куче Spot на компанијата Boston Dynamic, но со „мирен“ изглед. Самата компанија забранува вооружување на Spot, но роботот развиен од Атаманов го има токму тоа, оружје.
Роботско патролно куче кое ракува со пушка за време на демонстрацискиот клип претставува комбинација робот/оружје, а претходно беше фотографиран како му носи кафе на својот сопственик.
Минатата година Ghost Robotics од Филаделфија претстави сличен робот-убиец кој предизвика различни реакции. Станува збор за робот SPUR (Special Purpose Unmanned Rifle) кој носи пушка Creedmoor од 6,5 мм и е опремен со сензори кои овозможуваат да работи дење и ноќе.
Војската може да понуди илјадници причини за развој на оружје со кои многумина не се согласуваат. Минатата година Њујорк Тајмс објави дека вештачката интелигенција била користена за да се убие ирански нуклеарен научник кој се возел во автомобил со неговата сопруга. Се пукало во возило во движење, научникот бил убиен, а неговата сопруга не била повредена иако била многу блиску до него.
Факт е дека технологијата која може да ги претвори роботите во смртоносно оружје веќе постои и денес, а прашање е колку е оправдан нивниот развој и употреба.
Поврзани артикли