И јужнокорејската компанија потврди дека новиот флексибилен телефон ќе го видиме за време на настанот Samsung Unpacked во август.

Неколку недели пред следниот настан Unpacked, Samsung откри дека има испорачано речиси 10 милиони флексибилни телефонии ширум светот во текот на 2021 година.

Во објава на веб-страницата Samsung Newsroom, беше истакнато дека ова претставува 300 отсто зголемување во однос на постигнатото во 2020 година и се очекува овој брз раст да продолжи.

Според компанијата, повеќето од купувачите на флексибилни телефони (околу 70 отсто од нив) одлучуваат да купат модел на преклопување Flip. Ова не е изненадување, бидејќи Samsung претходно истакна дека Flip 3 мотивирал повеќе луѓе да менуваат брендови во споредба со премиум моделите на компанијата.

Samsung потврди дека ќе ги претстави следните модели на телефони на преклопување Flip и Fold за време на настанот Unpacked на 10 август. Беше споменато и дека Samsung постигна напредок во подобрувањето на корисничкото искуство кога станува збор за новите уреди.