Летото е во полн ек а со тоа и високите температури кои понекогаш не прават малку збунети во работата или едноставно во забавата. Со цел да не потфрлиме и да го извадиме од себе максимумот ова лето, важно е да имаме добра опрема. Нека летото ви стане покомплетно со Galaxy екосистемот.

Останете во топ форма

Еуфоријата да бидеме во најдобра форма, несомнено својот максимум го доживува во сезоната на бикини, не само поради желбата да изгледаме совршено на плажа, туку и поради плејадата можности за спортски активности на отворено. Можете да го поврзете Samsung Galaxy Watch4 со омилениот Galaxy A53 или Galaxy A33, за да добивате професионални тренинзи преку Samsung Health, со преку 120 програми за вежбање од дома. Galaxy Watch4 ќе ви даде совети за формата и темпото во движење, па дури и ќе ги измерат движењето на пулсот во минута (bpm).

А ако одите на трчање, само поврзете ги Galaxy Buds со вашиот фитнес часовник и преземете ја вашата плејлиста за вежбање за да уживате во трчањето без да се грижите за носење на телефонот. Intelligent ANC овозможува непречено да се префрлуваш од потиснување на бучавата до целосно приспособлив амбиентален звук.

Мирен и здрав сон

Високите температури несомнено влијаат и на нашето ментално здравје. За полесно да ги поднесете горештините надвор и во вашата глава, потребен ви е мирен и здрав сон.
Благодарение на Samsung, можете дури и да ги следите вашите шеми на спиење. Galaxy Watch4 ги снимаат вашите REM циклуси, длабок сон и вкупното време на спиење за да постигне резултати и да помогне во следењето на квалитетот на вашиот сон, плус вграденото мерење кислород во крвта на Galaxy Watch4 овозможува да го проверувате нивото на кислород во крвта во секое време директно од раката. Поврзете го со омилениот модел на Samsung Galaxy А серијата и преку апликацијата Samsung Health секогаш бидете во тек со промените на вашето тело.

Најубавите спомени, засекогаш запаметени!

Најважната работа во едно лето е да се имаат спомени на кои секогаш ќе може да се навраќаме. Она што мора да се има е вистински уред со доволно меморија и кристално јасна камера за да можете да сочувате безброј спомени. Samsung Galaxy A53 5G и A33 5G се вашиот главен сојузник во создавањето квалитетни и незаборавни снимки и фотографии, кои ќе бидат потсетник на незаборавното лето.

Благодарение на четирите камери, главната од 64 MP кај Galaxy А53 и 48 MP кај Galaxy А33, ултра широката од 12MP кај А53 и 8 MP кај А33, макрото од 5 MP и сензорот за длабочина исто така од 5 MP кај А53 и 2 MP кај А33 ќе добиете појасни и почисти слики. Светот не мора да стои мирен за да го доловите секој момент – камерата на А33 и А53 снима пофини видеа и помали детали, дури и при слабо осветлување. За забавата да биде целосна тука се AI Image Enhancer – разубавувач на слики кој автоматски ги подобрува фотографиите, така што веднаш можете да ги разубавите.

И можете комплетно да се опуштите, бидејќи телефонот A53 5G доаѓа со внатрешна меморија од 128/256 GB и дополнителна поддршка за microSD картички до 1 TB, за да имате простор за складирање на сите ваши драгоцени моменти.

Повеќе информации за производите може да најдете на следните линкови:

Galaxy A33 5G: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a33-5g-awesome-black-128gb-sm-a336bzkgeuc/
Galaxy A53 5G : https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a53-5g-awesome-black-256gb-sm-a536bzkleuc/
Galaxy Watch4: https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch4-silver-lte-sm-r865fzsaeuf/
Galaxy Buds Pro: https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds-pro-violet-sm-r190nzvaeug/