Samsung подготвува нов флексибилен телефон под името Galaxy Fold 2, а според информациите од 3C листингот, уредот пристигнува со поддршка за 25W брзо полнење. Листингот на телефонот, со ознака на модел SM-F9160, потврдува и поддршка за 5G конекција, што веќе го дознавме од порано.

Поддршката за полнење од 25W прв пат ја видовме на уредите на Samsung на Galaxy S10 5G моделот, кој е објавен во февруари 2019. година. Потоа оваа опција на полнење стигна на Note 10 линијата, а сега претставува стандард за премиум моделите. Иако некои од смартфоните на јужнокорејската компанија пристигнуваат со поддршка за 45W полнење, полначите со оваа јачина не се вклучени во пакувањето.

Опцијата на полнење на Galaxy Fold 2 телефонот, исто така, претставува подобрување во однос на првиот Galaxy Fold, кој имаше 15W безжично и полнење преку кабел, како и обратно полнење од 9W.

Се очекува дека Samsung Galaxy Fold 2 ќе има нови камери, Snapdragon 865 чипсет и екран за известувања сличен на оној кај Galaxy Z Flip моделот.