По пробниот период, Инстаграм сега постепено ја нуди алатката за поголем број создавачи на содржина. Оваа можност беше воведена уште во јануари оваа година, но тогаш беше достапна за само десет креатори.
Годинава Инстаграм работеше на развивање на својата програма за претплата за креаторите кои сега можат да споделуваат објави само за претплатници. Reels и фотографиите ќе имаат виолетова значка со симбол на круната за да се истакнат. Адам Мозери, првиот човек на Инстаграм, истакна дека тоа е функцијата за која имал најмногу барања од креаторите во програмата, пренесува Engadget.
Нова е и опцијата за разговор за претплатници. Креаторите можат да имаат групни разговори со најмногу 30 претплатници, што би требало да ги натера да поминуваат уште повеќе време на Инстаграм наместо на друга социјална мрежа. Групните разговори се овозможени од Messenger, а создавачите можат да ги започнат од нивното сандаче или Story. Претплатниците ќе имаат пристап и до почетната картичка на профилот на создавачот што ќе ја централизира содржината со платежниот систем, вклучувајќи фотографии, Reels и live архиви.
? Subscriptions Update ?
Subscriptions are a great way for creators to have a predictable income & for fans to get exclusive content from creators that they love.
This update includes:
– Subscriber Chats
– Subscriber Reels
– Subscriber Posts
– Subscriber Home pic.twitter.com/5PzDTcwn8d— Adam Mosseri (@mosseri) July 14, 2022
Мозери вели дека десетици илјади создавачи во САД сега имаат пристап до програмата за претплата, која им овозможува на фановите да им наплаќаат до 100 долари месечно за пристап до ексклузивна содржина. Во јануари, Инстаграм почна да ги тестира претплатите на креаторите со Paywall Stories и Livestreams. Претплатниците добиваат и виолетова значка која се појавува до нивните кориснички имиња во коментарите и приватните пораки.
Мета, исто така, им нуди на креаторите други стимулации за градење публика и споделување содржина на Фејсбук и Инстаграм. Така минатиот месец објавија дека нема да наплаќаат провизија за заработката што креаторите ја остваруваат преку апликациите до 2024 година.
Поврзани артикли