Некои корисници и онлајн медиуми забележаа интересна новина во рамките на апликацијата Twitter за iOS и Android.

Кога корисникот ќе повлече надолу за да го освежи feed-от, може да се слушнат некои нови звуци. Првиот звук е мало треперење, кое се слуша при првото стартување на feed-от, а по освежувањето ќе слушнете кратко потврдно „црцорење“.

Се вели дека звукот е малку поинаков од оној што претходно се користеше за време на освежувањето на страницата за feed.

Се уште не е познато кога е имплементирана оваа промена, но таа постои веќе некое време и веќе има голем број на твитови за нејзиното постоење. Можно е Twitter постепено да ја пушта функцијата на корисниците, пред официјалното објавување.

Споменатиот звук е снимен и на iOS и на Android верзиите на апликацијата Twitter, но сè уште не е познато колку оваа функција е распространета меѓу корисниците.