Пред неколку дена, Nokia го најави доаѓањето на издржливиот телефон кој ќе биде претставен на 27. јули. Сега се појави првата фотографија на уредот, кој се очекува како Nokia XR20.

Фотографијата го прикажува смартфонот во темно сина боја, прекриен со капки на вода, што укажува на IP68 сертификат за водоотпорност.

Засекот за камерите делува поинаку во однос на претходните тизери. Од долната страна на уредот се наоѓа отвор за звучник, Type-C порт и приклучок за слушалки, додека од левата страна е сместено копче за вклучување.

Nokia XR20 би требало да користи Snapdragon 480 5G чипсет, ќе има 6.67-инчен HD+ LCD екран, 48MP главна и 13MP секундарна камера, а уредот ќе го напојува 5000mAh батерија.