Повеќе од една година се појавуваат информации за издржлив паметен часовник на Apple, а Марк Гурман од Bloomberg верува дека ќе се вика Apple Watch Pro. Беше објавена и можната цена на уредот.

Новиот Watch Pro модел треба да имплементира поиздржливо куќиште, создадено од титаниум и ќе има поголем екран во споредба со сегашниот панел од 1,9 инчи на часовникот од серијата 7 од 45 милиметри.

Екранот на часовникот Apple Watch Pro треба да биде поотпорен на кршење, а уредот да има понапредни опции за следење на активности како пливање и трчање. Покрај тоа, ќе има и поголема батерија и нов здравствен сензор.

Apple ќе ги таргетира екстремните спортисти со моделот Watch Pro. Марк Гурман верува дека Apple Watch Pro ќе има почетна цена од 900 до 999 долари. Тој исто така верува дека Apple ќе престане да го нуди премиум моделот Watch Edition.