Според податоците објавени од Glance, корисниците во просек го отклучуваат својот паметен телефон 70 пати на ден, а девет пати од 10 прво гледаат во заклучениот екран на телефонот.

Корисниците на паметни телефони кои користат Google Android би можеле за два месеци наместо омилената фотографија или скрин сејвер да гледаат реклами. Барем во Соединетите Американски Држави.

Како што објави TechCrunch, индиската рекламна компанија Glance е во преговори со американските телеком оператори за лансирање на неколку модели на паметни телефони кои ќе прикажуваат реклами и промотивни пораки на заклучените екрани.

„Динамичниот“ заклучен екран на Glance би прикажувал вести, видеа, игри и реклами, кои корисниците би ги гледале пред да го отклучат телефонот. Секако, во зависност од навиките и желбите на корисникот, содржината ќе се прилагодува. Рекламите може да се исклучат, но корисниците треба да навлезат малку подлабоко во поставките на телефонот за да го направат тоа.

Ако идејата за реклами на заклучениот екран ви е целосно одбивна, доволно е да се каже дека во Азија околу 400 милиони корисници на паметни телефони „уживаат“ во оваа услуга.

Дека по истиот пат може да тргне и Apple, говорат информациите според кои новата верзија на iOS ќе има можност да прикажува содржина на заклучениот екран. Точно, од Apple изјавија дека под „содржина“ подразбираат вести, известувања, календар, пораки и слично. Но, тие не кажаа експлицитно дека нема да има и реклами.

На крајот на краиштата, заклучениот екран е неискористено богатство за огласувачите. Според податоците објавени од Glance, корисниците во просек го отклучуваат својот паметен телефон 70 пати на ден, а девет пати од 10 прво гледаат во заклучениот екран на телефонот.