Samsung наскоро ќе го претстави својот најнов паметен часовник – Galaxy Watch 3. За уредот веќе дознавме некои детали, а потврдено е дека ќе пристигне во варијанти од 41 и 45 mm, како и во целуларна и не-целуларна верзија.

Сега ги имаме и првите фотографии од Galaxy Watch 3 моделот, благодарение на NRRA сертификациската агенција. Фотографиите ги прикажуваат двете големини на преттсојниот паметен часовник, со потврда на ознаката на моделот SM-R840 за 41mm верзија и SM-R850 за 45mm верзија. Новиот дизајн имплементира помали рамки во споредба со претходните Galaxy Watch модели, а исто така има и ротирачка рамка.

Претходно дознавме дека Samsung Galaxy Watch 3 ќе има 1.2-инчен екран кај помалиот модел, додека 45mm варијанта ќе има 1.6-инчен дисплеј. Двата часовника стигнуваат со IP68 сертификат, ќе имаат 1GB RAM и 8GB простор за складирање. За софтверот ќе биде задолжен Tizen OS 5.5.

Објавата на Samsung Galaxy Watch 3 се очекува во јули, заедно со Samsung Buds Live TWS слушалките.