WhatsApp развива функција која ќе им овозможи на корисниците да го сокријат својот онлајн статус, според WABetaInfo.

WABetaInfo објави скриншот од новите поставки за приватност, кои им овозможуваат на корисниците да контролираат кој може да ги види кога ја користат апликацијата. Функцијата би била комплементарна со неодамнешната промена во апликацијата, за функцијата Last Seen.

Новата функција за онлајн статусот може да му овозможи на корисникот да го скрие статусот од истите луѓе на кои би им било скратено да го видат Last Seen статусот на корисникот.

Освен ова, WhatsApp тестира уште една функција. Апликацијата ќе ви овозможи да ги избришете пораките што случајно сте ги испратиле, како и оние со грешки во рок од два дена и 12 часа.

Ова претставува значително подолга граница во споредба со претходната, која беше еден час, осум минути и 16 секунди. Функцијата моментално е достапна во бета верзија.

И двете функции се очекува да станат дел од едно од идните ажурирања на WhatsApp.