Samsung во јули ја најави One UI 4 бета програмата, а компанијата е речиси подготвена да го овозможи софтверот за јавно тестирање. На форумите на компанијата беше објавено дека бета тестирањето ќе почне во септември.

Јужнокорејската компанија не објави конкретен датум за почеток на бета тестирањето, но се знае дека One UI 4 бета најпрвин ќе биде достапна во Јужна Кореја. Потоа ќе се прошири и на другите региони.

Оние кои сакаат да се приклучат на тестирањето, можат да притиснат на „Join One UI Beta Program“ банерот во рамките на Samsung Members апликацијата.

Првите телефони што ќе учествуваат во тестирањето на One UI 4 бета ажурирањето (кое ќе се базира на Android 12) се Galaxy S21, S21+ и S21 Ultra. Потоа се очекуваат Note20 и S20 сериите.