Американската компанија Apple се чини дека одлучи да ги надмине сите очекувања и да го произведе паметниот телефон на иднината, во вистинска смисла на зборот.

Како што пренесува Independent, новата опција на iPhone би можела да ви овозможи да го отклучувате вашиот автомобил. Наводно од Apple се подготвуваат да ја претстават новата опција CarKey која ќе може да отклучува автомобил, откриено е во код сокриен во новото ажурирање.

Оваа карактеристика ќе вклучува и алатка која ќе им овозможи на луѓето да го споделат пристапот до својот автомобил со други лица. Деталите биле откриени во новиот iOS 13.4 кој го добија програмерите како бета верзија. Во неговиот софтвер биле сокриени упатства за CarKey кои Apple ги подготвува за iPhone и Apple Watch.

Според гласините, оваа алатка ќе може да се користи и за стартување на автомобилот. CarKey исто така би овозможил корисникот да не остане надвор од својот автомобил ако телефонот би останал без батерија, затоа што ќе функционира дури и кога телефонот е исклучен.

Корисниците ќе можат да ја постават оваа опција со активација на апликацијата Wallet, а потоа ќе биде потребно да имаат апликација од производителот на својот автомобил за да продолжи процесот.

Извор: Noob.ba