Апликацијата WhatsApp Beta UWP доби ново ажурирање, кое додава модерно контекстно мени на избраните разговори.

Оваа функција ќе им овозможи на корисниците да прават основни промени во текстот кога креираат пораки за контакти. Опциите вклучуваат Italics, Bold, Strikethrough, како и форматирање на фонтови за споделување код.

Наведеното ажурирање беше забележано од корисникот на Twitter, Microsofters, а придружните фотографии ја покажуваат разликата во контекстното мени помеѓу најновата верзија 2.2225.2.0 и претходната верзија на апликацијата.

Контексното мени може исто така да биде скриено, така што опциите Copy, Cut, Paste, Undo и Select All не се видливи и тоа ќе се памети за секоја сесија за разговор.

Сè уште не е познато кога корисниците на Windows ќе можат да ја добијат опцијата за промена на текстот во разговорите, но WhatsApp Beta е достапна преку Microsoft Store.