Меѓу бројните новини што ги носи претстојната видеоигра FIFA 22 ќе биде и тн. „фудбал-тенис“ или маалски позната како сервис. Компанијата Electronic Arts ги потврди овие наводи.

Играта ќе има мерач на вештини, со кој играчите ќе може да ги подобрат вештините на својот профил-играч на виртуелниот терен. Гејмерите, покрај тоа, ќе може да се забавуваат и со „доџбол“ и други споредни игри.

FIFA ќе биде достапна на пазарот од 27 септември оваа 2021 година.