На кинеската микроблогинг платформа Weibo се појавија фотографии кои наводно се направени со помош на OnePlus 5 уредот

Како што наближува датумот на претставување на новиот OnePlus 5 паметен телефон (официјалното претставување се очекува на 15. јуни). пристигнуваат нови гласини врзани со овој уред.

На кинеската микроблогинг платформа Weibo се појавија фотографии кои наводно се направени со помош на OnePlus 5 уредот.

Претходните информации веќе говореа дека OnePlus 5 ќе содржи двојна задна камера, а сега благодарение на споменатите фотографии можно е да се заклучи дека OnePlus би можел како пример да го земе својот домашен конкурент, компанијата Huawei.

Имено, меѓу објавените фотографии се наоѓа и една квалитетна црно-бела фотографија, што би можело да значи дека OnePlus од задната страна ќе има две камери, една во боја и една монохроматска баш како уредите на компанијата Huawei  (и нејзиниот посебен бренд Honor).