Американската вселенска агенција НАСА испиша нова страница во историјата откако лансираше ракета од далечна локација во Австралија. Испиша историја затоа што беше првото лансирање на ракета на НАСА од комерцијален космодром надвор од САД.

Суборбиталната ракета полета од мала локација на 27 јуни и ќе овозможи да се спроведат астрофизички студии на јужната хемисфера, соопшти НАСА. Ова е исто така прво лансирање ракета од австралиско тло по повеќе од 25 години, а лансирана е и првата од трите ракети на НАСА од новиот вселенски центар Арнем, кој се наоѓа на работ на Северната територија.

Научниците се надеваат дека лансирањето ќе помогне во проучувањето на влијанието на ѕвездената светлина врз популацијата на блиските планети. Лансирањето траело многу кратко, а ракетата долга 13 метри паднала на Земјата по планираните 15 минути. Собраните податоци ќе помогнат да се откријат тајните на ѕвездените соѕвездија оддалечени 430 милиони светлосни години.

Официјалните лица велат дека лансирањето е момент на „извонредна гордост“ за Австралија и е направено со благослов на традиционалните власти на Абориџините во регионот.

Следното лансирање е закажано за 4 јули, а НАСА вети дека ќе го собере целиот материјал и отпад и ќе го врати во САД.