Кинеската компанија Shanghai ManWei Technology го лансирашен во вселената првиот модул кој е всушност вселенска генетска банка. Станува збор за модулот DSB-01, кој е пионер во технологијата која наскоро треба да создаде вистинска генетска банка на чоовештвото складирана во вселенскиот простор.

Лансирањето беше направено од Космодром Таиуан во северната провинција Шанкси. Генетскиот материјал, добиен од осум граѓани на НР Кина, ќе се чува во вселената околу 1000 години. Лоциран е во посебен сад кој е отпорен на космичко зрачење.

Како што наведуваат кинеските експерти, еден ден Земјата може да стане несоодветна за живот, па овој генетски материјал може да биде клучен во обидите за продолжување на видот. За околу 400 години, нашата планета може да ги загуби ресурсите за живот, а благодарение на генетската банка во вселената, може да се создаде нова човечка цивилизација.

Што е можно поскоро, компанијата има намера да создаде генска банка со милиони примероци. Според плановите, овој генетски материјал ќе биде испратен на Марс и планетите слични на Земјата