Смартфонот наменет за гејмерите, Asus ROG Phone 6, пристигнува следниот месец, а сега е познат неговиот изглед како и некои спецификации.
ДНК на ROG Phone очигледно е недопрена, но сè уште има некои разлики во модулот на задната камера. Модулот е поголем, а една од камерите, веројатно ултра широка, има сини детали. Исто така, трета камера е видлива во модулот. Засега е познато дека на корисниците ќе им бидат достапни камери од 50 и 13 MP, додека за третиот сензор засега нема детали.
Назад има секундарен екран кој е малку поголем.
Asus ROG Phone 6 ќе биде претставен на 5 јули, станувајќи еден од првите телефони со процесор Snapdragon 8+ Gen 1, а тој процесор ќе биде комбиниран со 18GB RAM и 512GB внатрешна меморија (што може да варира)
Ќе користи 6,78-инчен AMOLED екран со стапка на освежување од 165 Hz, а ќе се напојува од батерија од 6.000 mAh со поддршка за полнење од 65 W.
Сензорот за отпечатоци ќе биде интегриран во екранот, уредот ќе тежи 239 грама, додека неговите димензии ќе бидат 172,83 x 77,25 x 10,39 mm. Ќе биде достапен и приклучок за слушалки од 3,5 милиметри. Селфи камерата ќе има сензор од 12 MP.
Поврзани артикли