На почетокот на следната година компанијата Oukitel планира да го објави новиот хит-смартфон чија батерија ќе биде со капацитет од 11.000 mAh. Според производителот, станува збор за моделот Oukitel K10, кој ќе треба да биде вистински хит кај купувачите кои не сакаат премногу да се малтретираат со постојано надополнување на батеријата на својот мобилен телефон.

Ако може да им се верува на креаторите на моделот, овој смартфон може да издржи без полнење цела недела. Моделот ќе се продава во една варијанта со 6 GB RAM меморија и 64 GB внатрешна меморија.

Големата батерија не единственото атрактивно на овој модел. Oukitel K10 ќе биде со екран од 6 инчи, а задниот капак ќе биде направен од вистинска кожа од австралиско теле. Исто така, ќе има двојна главна камера и скенер за отпечатоци. Предната камера исто така ќе биде двојна.