Австралискиот регулатор на пазарот објави дека судот наредил локалната филијала на Samsung Electronics да плати казна од 14 милиони австралиски долари (9,65 милиони американски долари) за погрешни реклами за водоотпорноста на некои од нејзините паметни телефони.

Samsung Australia призна дека ги измамил купувачите на некои модели на телефони „Galaxy“ за нивото на водоотпорност, објави австралиската комисија за заштита на конкуренцијата и потрошувачите (ACCC), пренесува Reuters. Регулаторот поднесе тужби против компанијата во јули 2019 година.

Во соопштението се наведува дека меѓу март 2016 година и октомври 2018 година, Самсунг Австралија објавила огласи во продавниците и на социјалните мрежи во кои се тврди дека телефоните може да се користат во базени или морска вода.

ACCC, сепак, доби стотици поплаки во кои корисниците изјавија дека нивните паметни телефони не функционираат правилно или дури целосно престанале да работат откако биле изложени на вода.

Лажните реклами „промовираа важна точка за продажба на телефон Galaxy. Многу потрошувачи кои купиле телефон Galaxy можеби биле изложени на погрешни реклами пред да донесат одлука да купат нов телефон“, рече Џина Кас-Готлиб, претседател на ACCC.

Samsung не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.