Сите заинтересирани може да ги најдат новите смартфони на Apple по одлични цени во Ledikom.mk!

Како што веќе знаете, Apple претстави три нови iPhone уреди, меѓу кои беше следбеникот на iPhone X, Xs, и неговата поголема верзија, Xs Max. iPhone Xs Max доаѓа со голем, 6.5 инчен дисплеј – всушност, најголемиот панел досега виден на iPhone. Интересно е што покрај големиот екран, целосните димензии на Xs Max се речиси исти како оние на iPhone 8 Plus или iPhone 7 Plus. Станува збор за 6.5 инчен OLED панел со истиот, висок 19.5:9 сооднос како кај iPhone X. Резолуцијата е подобрена од 1125 x 2436 на 2688 x 1242 пиксели.

Од друга страна, iPhone Xs, истотака познат како директниот следбеник на iPhone X, доаѓа со 5.8 инчен OLED панел и исти димензии, но подновен со нова боја и подобрени внатрешни перформанси.

Во внатрешноста на двата уреди, се наоѓа новиот Apple A12 Bionic – првиот 7nm чип во светот и според Apple, “најпаметниот и најмоќниот чип досега виден во смартфон”. Придружен е од 4GB RAM и 64/256/512 GB меморија.

Во однос на камерите, иако станува збор за истото 12 мегапикселно дуо на задната страна и селфи камерата од 7 мегапиксели, Apple ги има подновено со неколку нови функции. Smart HDR е една од нив. Функцијата прави неколку фотографии со различни вредности на експозиција кои потоа се складираат заедно за да се создаде една слика со многу подобар динамички опсег отколку што би можела камерата сама по себе да произведе. Покрај тоа, уредот доаѓа со нов и подобрен Portrait Mode, како и подобри слики и видеа при ниска светлина.

Како што рековме, сите заинтересирани може да ги најдат iPhone Xs и Xs Max во Ledikom.mk од 22 септември. Во моментот телефонот е достапен за оние со преднарачки, додека од понеделник е достапен за сите. Побрзајте, количините се ограничени!