Инстаграм тестира алатка за вештачка интелигенција која ја потврдува возраста со скенирање на лицето
Инстаграм тестира нови методи кои ќе им овозможат на корисниците да ја потврдат својата возраст, а тука е и алатката за вештачка интелигенција од надворешната компанија Yoti. Апликацијата одредува колку години има корисникот со скенирање на неговото лице.
Официјално, корисникот мора да има најмалку 13 години за да може да креира Инстаграм профил, но компанијата не го наметнува ова правило со години. До 2019 година компанијата не се обидела да го праша корисникот за годината на раѓање, ниту да ја потврди таа информација.
Сепак, по бројните притисоци и забелешки од експертите за безбедност на децата, Instagram претстави неколку функции за проверка на возраста, како и методи за одвојување на помладите корисници од возрасните.
Yoti е добро позната компанија кога станува збор за онлајн системот за проверка на возраста и личните документи, а употребата на технологијата на оваа компанија е потврдена од регулаторни тела во многу земји. Алатките користат различни сигнали на лицето за да ја одредат приближната возраст на корисникот.
Системот на компанијата Yoti може да се тестира и на веб (компанијата истакнува дека не задржува податоци што ги споделува корисникот), заедно со стапките на точност и други параметри.
Останува да се види како системот на Yoti ќе се вклопи во Instagram, како и дали алатката е доволно безбедна за целите за кои ќе се користи.