Microsoft Outlook продолжува со доминација како најпопуларен мејл клиент за Android и iOS платформите, а една од главните приличини е тоа што Microsoft значително го засили имплементирањето на новите ажурирања.

Во текот на оваа недела, Microsoft објави уште една битна надградба за Outlook, која на Android пристигнува во верзијата 3.0.67, а најголемиот додаток се однесува на почетниот екран.

Со ова ажурирање, корисниците можат својот inbox и календар да ги додадат на почетниот екран , така што сега е многу полесно и побрзо да се пристапува до мејловите и информациите за следните состаноци.

Кога е во прашање почетниот екран, тука се уште некои додатоци. Outlook сега вклучува преработени виџети за мејл и календари. Исто така, тука е можноста за додавање на 1×1 мејл кратенки за специфичните профили, доколку корсиникот има повеќе профили.

Се очекува дека ќе помине извесно време додека најновиот Microsoft Outlook за Android пристигне до сите корисници.