Дали знаете дека совршената профилна фотографии може да ви го промени животот? Професионална фотографија во комбинација со паметно склопен профил може да ве одведе на чекор од работата од соништата. Со Samsung Galaxy A33 5G фотографиите ќе бидат и подобри од што може да замислите!
Првото нешто кое сите го забележуваат на вашиот профил несомнено е профилната фотографија. Сте виделе илјадници профилни слики на социјалните мрежи. И секој пат кога ќе видите нечија профилна слика, создавате впечаток за таа личност. Во дел од секундата, вие одлучувате дали личноста е допадлива, доверлива, паметна … или не. .Истражувањата покажуваат дека вистинската фотографија ја зголемува веројатноста вашиот профил да биде прегледан за дури 14 пати. Тоа значи 14 пати поголема шанса да оставите одличен прв впечаток. Тоа значи дека, малечката тркалезна слика е клучниот играч во градење на вашиот личен бренд, без разлика дали профилот го користите за да најдете нова работа, професионално заработувате од истиот или го користите исклучиво за забава и поврзување со пријателите.
Но, пред да се залетате и да потрошите мало богатство на професионални фотографии, имаме одлична вест за вас! Вашиот омилен паметен телефон Galaxy A 33 и неговата брилијантна камера ќе ви ја завршат работата и повеќе од професионално. Камерата со повеќе објективи на Galaxy A33 5G ги носи сликите на следното ниво. Благодарение на четирите камери, главната од 48 MP, ултра широката од 8 MP, макро од 5 MP и сензорот за длабочина исто така од 2 MP ќе добиете појасни и почисти слики. За забавата да биде целосна тука се AI Image Enhancer – разубавувач на слики кој автоматски ги подобрува фотографиите, така што веднаш можете да ги разубавите. А за најсмешните моменти тука се новите Snapchat ефекти што редовно се ажурираат во режимот за забава.
Што ви е потребно следно?
- Покажете го вашето лице
Очигледно зар не? Но, многу често го занемаруваме овој факт, па фокусот не е на ликот туку на окружувањето околу нас. Портретот е уникатно моќен тип на фотографија. Студиите за психологијата на фотографиите покажуваат дека лицата користат когнитивна пристрасност вградена во нашиот мозок. Со функциите на Galaxy A33 вашето лице ќе биде во фокусот на вниманието. Со двојниот објектив за камерата за продлабочување, исто така засилена со AI, може да ги снимите фините карактеристики што го прават секое лице уникатно. Нежно заматете ја заднината со bokeh ефектите и истакнете ги деталите што ја оживуваат сликата во рамката.
- Клучот е во насмевката
Говорот на телото е или отворен или затворен. Рацете, нозете и рацете можат или да изразат отвореност за поврзување или порака дека не сакате да ви пристапуваат. Истата филозофија важи и за ликот. Големите насмевки на профилните слики се во корелација со добри социјални односи. Истражување спроведено со над 800 профилни слики покажува дека луѓето ќе ве сметаат за подопадливи, компетентни и повлијателни ако се насмевнете на вашата фотографија. А насмевките кои покажуваат заби се оценети двојно подобро од насмевките со затворена уста. Вежбајте пред огледало за да видите кој израз најмногу ви се допаѓа.
- Не заборавајте на облеката
Носете нешто кое би го носеле на работа. Секое работно место има различна атмосфера кога станува збор за кодексот на облекување, па вашата слика на профилот може да ја долови вашата професионалноста. Не сакате да бидете премногу дотерани или недоволно облечени. Внимавајте и на боите, неутрални тонови, во контраст со позадината се полн погодок. И додека сме кај боите и елеганцијата, Galaxy A33 5G доаѓа во неколку нијанси – светло сина, праска, бела и црна, и неверојатно елегантен дизајн – потенок и пософистициран со мат финиш, квалитетна рамка и беспрекорен отвор за камера со Ambient Edge.
- Направете ја фотографијата на мека, природна светлина
Осветлувањето може целосно да го промени изгледот на вашата фотографија. Стоењето под грубото флуоресцентно осветлување може да ја промени бојата на вашите слики и да создаде сенки на вашето лице, додека користењето на блицот на камерата може да направи вашата кожа да изгледа сјајна. Природната светлина обично дава најдобар ефект, но директната сончева светлина може да направи сликите да изгледаат изгорено. Обидете се да се фотографирате надвор во облачен ден, во малку засенчена област (некаде каде што нема директна сончева светлина) или кога сонцето заоѓа за да помогне да се омекне светлината. Можете исто така да стоите внатре користејќи ја светлината од блискиот прозорец како би го осветлиле вашето лице и би добиле природен сјај на кожата. Благодарение на 6,4-инчниот Infinity-U екран на Galaxy A33 5G нема да пропуштите ниту еден детаљ. Совршен за надворешна светлина, може да го доловите секој момент во живописна висока резолуција и реалистични бои благодарение на FHD+ Super AMOLED технологијата за екрани.