Со излегувањето на OnePlus 7T моделот минатата година, компанијата почна се повеќе да вложува во изгледот на брендот. Во врска со тоа, OnePlus подготви ново лого за 2020. година, а изгледа дека ќе го видиме порано отколку што се очекуваше.

Дизајнот протече преку кинеската канцеларија за патенти, а промена претрпе и текстот на логото со +1 ознака. Иако на самата икона не може да се види некоја промена, на текстот е видлива промената. Линиите се подебели, а фонтот е поинаков. Дури е забележано од корисниците дека новото лого е всушност многу слично на она на OnePlus 7T кутијата на уредот.

Новото лого би требало да се најде на OnеPlus уредите од серијата 8, во текот 2020. година. Ако е тоа случај, претстојните смартфони ќе имаат ажурирано лого и текст на своите пакувања.