Компанијата OnePlus додаде уште еден паметен телефон во својата понуда, кој му припаѓа на подостапното семејство на уреди Nord.

Станува збор за моделот Nord CE2, кој е сличен на првиот модел Nord CE. Ознаката CE значи Core Edition, нешто слично како ознаката FE или Fan Edition на Samsung.

Nord CE2 ќе се продава и на европскиот пазар по цена од 350 евра. Преднарачките се прифаќаат од 3 март, додека општата продажба започнува на 10 март.

Иако се работи за релативно прифатлива цена, некои од спецификациите на овој смартфон се дел од релативно новите телефони. Nord CE 2 поддржува брзо полнење од 65W и доаѓа со полнач SuperVOOC. Има 6,43-инчен OLED екран со резолуција од 1080p и брзина на освежување од 90Hz.

Со оглед на тоа што OnePlus го третира овој модел како смартфон со прифатлива цена, тој поседува и приклучок за слушалки од 3,5 милиметри, но го нема препознатливиот слајдер за брз пристап до контролите за активирање на режимот на вибрации или тивкиот мод.

Nord CE 2 го покренува процесорот MediaTek DImensity 900 спарен со 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Има и верзија со 6GB RAM, но е наменета исклучиво за индискиот пазар. Уредот има два слота за SIM и дополнителен microSD слот  што поддржува microSD картички до 1 TB.

Одзади се наоѓаат три камери, главна од 64, ултраширока од 8 и макро од 2MP. Позитивно се што OnePlus се откажа од монохроматски сензори со ниска резолуција. Однапред е селфи камерата од 16MP сместена во мал перфориран засек на екранот.