Голем број компании на пазарот во последните неколку години ги претставија своите гејмерски паметни телефони. Пред се, тука е Razer Phone, па Asus ROG модел, Xiaomi Black Shark и Nubia Red Magic на компанијата ZTE.

Се работи за телефони кои нудат зголемени перформанси посебно прилагодени на гејмингот на мобилните уреди со другите функции, како што е подобреното ладење. На листата на производители специјализирани за паметните телефони за гејминг наскоро би требало да се придружи и компанијата Lenovo.

Нивниот гејмерски паметен телефон на пазарот би требало да се појави под брендот Legion, под кој оваа компанија веќе издаде голем број производи врзани за гејминг (на пример Legion серијата гејмерски преносници).

Веста за гејмерскиот Legion паметен телефон доби и потврда, кога Lenovo неодамна на микроблогинг платформата Weibo отвори нов профил токму за Legion паметниот телефон. Исто така, треба да се напомене дека уште во текот на април, Чанг Ченг, потпретседател на компанијата Lenovo потврди дека компанијата има намера да го претстави својот гејмерски паметен телефон на почетокот на 2020. година.