Подемите и падовите на Астра продолжуваат откако нејзината ракета не успеа да достави сателити на американската вселенска агенција НАСА во вселената.
Ракетата LV0010 на Астра успешно полета од Кејп Канаверал, Флорида, но имаше проблем со горната фаза по десет минути лет. Мисијата на лансирање беше да испорача два сателити на НАСА во вселената за следење на времето.
Станува збор за мали сателити CubeSat кои треба да и помогнат на НАСА подобро да го следи развојот на тропските бури. Ова се евтини сателити кои често ги прават истражувачи на колеџи и универзитети.
Како што информираат од Астра, причина за неуспехот на мисијата е предвременото исклучување на моторот од горната фаза.
Дали НАСА ќе ги лансира преостанатите TOPICS сателити (вкупно планирани шест) или два уништени ќе бидат заменети, засега не е познато.
Астра првично се здружи со НАСА во февруари во мисија да лансира сет сателити CubeSat во вселената и го направи своето прво лансирање од Кејп Канаверал. Меѓутоа, ракетата почнала неконтролирано да лета по лансирањето, па товарот бил изгубен.
Досега Астра имаше две успешни орбитални лансирања од вкупно седум обиди. За прв пат стигна во орбитата во ноември, додека успешно испорача сателити во март.
Проблемите за компанијата се различни, од системи за водење до дефекти на моторот.
Поврзани артикли