Беспилотното такси Volocopter е чекор поблиску до стапување во употреба.

Германската компанија Volocopter објави дека нејзиниот електричен авион VTOL со четири седишта наречен VooConnect ги направил првите летови.

Првиот лет во мај беше краток и траеше само две минути и 14 секунди, но маневрите докажаа дека аеродинамиката и перформансите на ниво на производство функционираат во реални услови. Досега се извршени вкупно три лета.

Досегот на дронот е 96 километри, а за време на летот може да достигне брзина од 250 км/ч. Тоа можеби не е импресивно, но овој авион навистина ветува автономни транспортни летови над поголемите урбани центри. Овој дрон би можел да лета од предградијата до центарот на градот. VoloConnect е совршен партнер за VoloCity, беспилотно летало со пократок домет дизајниран исклучиво за градски транспорт.

Се очекува VoloConnect да биде достапен за патниците од 2026 година, две години по пристигнувањето на VoloCity.

Компанијата Volocopter веќе користи неколку летечки такси за тестирање во реалниот свет и е поблиску до крајната цел од своите конкуренти.