Samsung доминира на пазарот на флексибилни телефони, а неколку такви телефони веќе се достапни за купување. Се чини дека јужнокорејскиот гигант реши дополнително да ја зацврсти својата водечка позиција на овој дел од пазарот.

Додека компанијата се подготвува наскоро да ги претстави телефоните од следната генерација Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip, новиот извештај сугерира дека Samsung може да претстави и поевтин флексибилен телефон во наредните години.

Дојавувачот @ chunvn8888 објави на Твитер дека Samsung работи на поевтин флексибилен телефон, кој доаѓа на пазарот како дел од серијата Galaxy A на компанијата. Сепак, овој телефон нема да излезе наскоро и се шпекулира дека ќе биде официјализиран во текот на 2024 или 2025 година.

Како што секоја година се издаваат нови флексибилни телефони, нивните цени постепено паѓаат и за неколку години ќе биде профитабилно за Samsung да претстави буџетски флексибилен телефон.

Останува да видиме кој формат ќе го имплементира овој уред – дали ќе се превиткува како книга како линијата Galaxy Z Fold или ќе има формат на преклопување како серијата Galaxy Z Flip.