Се очекува дека Samsung ќе ја лансира Galaxy S21 линијата во јануари, а телефоните веќе почнаа да се појавуваат на сајтовите за сертификација. Последниот внес е на BIS (Bureau of Indian Standards), каде е забележан теелфон со број на модел SMG996B / DS – а тоа е токму Galaxy S21+.

Оваа листа е потврда дека Samsung Galaxy S21 серијата пристигнува многу скоро. Пред неколку дена основниот модел на S21, исто така, се појави во BIS базата на податоци. Уредот ќе има екран со дијагонала од 6,2 инчи, за разлика од 6,7-инчниот на Plus верзијата, но се очекува дека двата ќе пристигнат со 120Hz OLED екран со резолуција од 1080p.

Очекуваме дека веќе на 14. јануари ќе бидат претставени три смартфони – основниот Samsung Galaxy S21, поголемиот Samsung Galaxy S21+ и Samsung Galaxy S21 Ultra со моќна поставка на фото сензори.