Следната генерација на графичката картичка GeForce RTX 4090 на компанијата Nvidia, според некои наводи, е повеќе од двојно побрза од моделот GeForce RTX 3090.

Претходно, имаше извештаи дека претстојната графичка картичка GeForce RTX 4090 ќе биде двојно побрза од втората најбрза Ampera премиум графичка картичка – GeForce RTX 3090 – а сега има нови гласини дека графичкиот процесор ќе биде повеќе од двојно побрз.

Дојавувачот „kopite7kimi“ истакнува дека сè уште ништо не е променето и дека перформансите на видео картичката GeForce RTX 4090 ќе бидат нешто повеќе од 2x RTX 3090, што тој го потврди во својот твит.

Истиот дојавувач тврди дека има уште една Nvidia графичка картичка (AD102), со 900W TGP, 48G 24Gbps GDDR6X меморија, 2×16 пинови и поголема фреквенција. Но, засега не е познато дали овој модел навистина ќе се појави на пазарот.