Сателитските снимки покажуваат дека количината на вегетација на Алпите над линијата до која растат дрвјата е зголемена за 77 отсто од 1984 година. Зголемувањето на делот од планините што е под вегетација е поврзано со глобалното затоплување.
Површината со вегетација над линијата за раст на дрвјата во Алпите е зголемена за 77 проценти од 1984 година, според резултатите од неодамнешните студии кои анализираат детални сателитски снимки. Научниците го опишуваат зголемувањето на биомасата во овие области како апсолутно масовна промена.
Зголемените температури и врнежите ја продолжуваат сезоната на растење на растенијата, а растенијата се шират во нови области и стануваат погусти и повисоки. Исто така, количината на снежна покривка се намалува и научниците велат дека загубата на помалку од 10 проценти од снегот над линијата до која растат дрвјата сепак би била значајна.
Планинските области се загреваат двојно побрзо од глобалниот просек. Иако позеленувањето на Алпите би можело да ја зголеми секвестрацијата на јаглеродот, најверојатно тоа ќе биде надминато од негативните последици, вклучително и топењето на вечниот мраз, намален албедо ефект, помалку снег што ја рефлектира сончевата светлина и губењето на живеалиштата, пишува Гардијан.